Чекор 1:
За НАРАЧКА потребно е најпрво да сте регистриран корисник.
Кликнете на човечето (мој профил), каде имате 2 опции за регистрација
1-ва опција е да се регистрирате директно преку вашиот профил на Facebook.
2-ра опција е да кликнете на РЕГИСТРАЦИЈА каде ја внесувате вашата e-mail.
Лозинката ќе ви пристигне на мејл и истата при повторна НАЈАВА ќе ја внесете. Покасно можете да ја промените лозинката по ваша желба.
Чекор 2:
Откако ќе се најавите, можете да одите во НАРАЧАЈ. Си одбирате кои производи сакате да ги порачате.
Откако ќе завршите со ставање на производи во кошничка ја кликате иконата со кошничка каде си ја гледате целосната нарачка. Доколку е во ред кликате на НАПЛАТА.
Чекор 3:
Доколку имате купон за попуст или промоција го запишувате во полето ИМАТЕ КУПОН.
Ги внесувате вашите податоци потребни за да се креира нарачката. Ова го внесувате само првиот пат кога нарачувате, за наредните нарачки веќе ќе си биде самото пополнето.
Под ЗАБЕЛЕШКА внесувате кога сакате да ви биде доставена или …
По ова кликате дали да биде доставена до дома или ќе си ја подигнете сами. Доколку ја подигнувате сами ќе ви се отвори опција од кој дуќан сакате да ја подигнете.
Избирате дали сакате да платите веднаш со кредитна картичка или сакате да платите при достава на нарачката во готово.
На крај кликате на НАРАЧАЈ и нарачката е комплетирана.