ЛЛ Гурмет Food Оutlet – првото место каде вкусот на домашно приготвената храна е создаден токму за вас

ЛЛ Гурмет Food Outlet е единствен коцепт во Македонија кој на едно место нуди богата палета на јадења, зготвени и направени по домашен рецепт и вкус, палета на интернационални јадења, палета на здрава храна (потажи),палета на свежи салати, во пакуван оброк за носење, по цени достапни за секого.
Концептот Food Outlet подразбира Храна за носење, што е и самиот буквален превод на овој израз.
Довербата зад вкусот на богатиот асортиман храна, по изненадувачко достапни цени е наша одговорност уште од самиот почеток.
Во насока на градење и јакнење на нашиот бренд кој се темели на иновативност и љубов за остварување на желбите и потребите на нашите потрошувачи, отворивме прва Food Outlet On-line продавница во републиката www.llgourmet.mk каде оброкот може да го нарачате брзо и едноставно, и истиот може да биде дистрибуиран преку наша достава до сечиј дом.

Кога станува збор за квалитетно приготвена храна- не постои компромис!

КОМБО пакети за целото семејство подготвени само за вас.

Направивме одлични семејни комбо пакети во кои цврсто веруваме, а и високите бројки на продадени пакети покажуваат дека им дадовме можност на голем број наши клиенти да добијат семеен ручек по изненадувачко добри цени и притоа да не размислуваат за тоа која комбинација на храна да ја направат, бидејќи истата е направена од наша страна.
Концептот го надополнивме со Комшиска лојална картичка, каде нашите лојални клиенти ги наградуваме со истата и со тоа добиваат 10% попуст на сите производи за цело времетраење на нашите продавници за храна.
За да се доближиме до поголем број на потрошувачи, вложивме многу во скоро секој сегмент од маркетингот како што се Радио, Видео, Герила маркетинг и професионалното рекламирање преку социјалните медиуми (Facebook I Instagram).
Еден од најголемите предизвици а воедно и наш мотиватор е одржување на континуитетот во квалитетот на производите, за што сведочат нашите потрошувачи а на што сме особено горди.
“Јади здраво, дома и на работа” е нашиот слоган зад кој гордо стоиме.

Повеќе информации за нашите услуги (индустриски кетеринг, комерцијален кетеринг) и за нашата компанија можете да погледнете на линкот подолу.